ПИРАМИДА

Поднаслов: Пирамидата си ја бара мумијата

330 ден

Автор: Исмаил Кадаре
Издавач: Икона
Димензии: 164стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Пирамидата е истовремено и историски и истражувачки роман за ужасот на неограничената моќ.
Се случува во 2600 година п.н.е, во времето кога фараонот Кеопс размислува дали да се откаже од изградбата на пирамида во негова чест, но неговиот совет од мудреци го убедува да не го прави тоа. Пирамидата, како што му кажуваат тие, не е само гроб, туку парадокс: го држи египетскиот народ во крајна репресија.


Пирамидата е столбот што ја држи моќта високо. Ако се заниша таа, сѐ ќе се урне.


И така, најголемата пирамида почнува да се издигнува. Тоа е монумент којшто крши голем број луѓе коишто ги редат десетиците илјади камења. Таа е предмет на вистински и имагинарни заговори, на безмилосни чистки и неверојатни тортури. Тоа е чудовиште што ќе г о проголта целиот Египет, пред да го проголта телото на Кеопс. Пирамидата е ремек-дело на кафкијанската параноја и орвеловото политичко пророштво.


„Прогонувачко размислување за бруталноста на политичкиот деспотизам.“

Њујорк Тајмс


„Огромна, длабока, опсесивна парабола. А како и секоја парабола, нејзината фундаментална важност, го надминува нејзиното очигледно значење”

Фигаро

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber