ПОДВИЖНИК НА ЉУБОВТА

599 ден

Автор: Старец Порфириј
Издавач: Икона
Димензии: 424стр. 13х20 cm
Тежина: 450 гр.
ОПИС

Мои сакани духовни деца,

Сакам, додека сум уште при здрав разум, да ви дадам неколку совети.

…Но, јас чувствувам дека сум најгрешен човек на светот. Исповедав, секако сè на што ќе се сетев и Бог ми простуваше. Сега пак чувствувам дека имам многу духовни гревови и затоа ги молам сите оние кои ме познаваа да се молат за мене зашто и јас во животот, скрушено се молев за вас.
Сега, кога одам на небо, чувствувам дека Бог ќе ме праша: „Што правиш ти овде?“ Јас ќе можам да му кажам само едно нешто: „Знам дека сум недостоен за ова место, Господе, но што и да посака Твојата љубов, јас ќе бидам задоволен.“
Не знам потоа што ќе се случи, но сакам тогаш да дејствува љубовта Божја. Секогаш се молев моите духовни чеда да го засакаат Бог Кој е сè…
Зашто, од овде треба да почнеме.
Ве молам да ми простите за сè со што ве ожалостив.

Јеромонах Порфириј Кавсокаливија, 4/17 јуни 1991.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber