Poezija_Bajron_Seli_Kits

Поезија

Џорџ Гордон Бајрон, Перси Биш Шели и Џон Китс се најзначајните англиски претставници на еден од најпознатите поетски правци во историјата на книжевноста: романтизмот.

Принципот за спонтаноста и слободата е суштествен за сфаќањето на романтизмот. Слободарските идеи на романтичарите се поврзуваат и со нивниот однос кон природата која се претвора во примарен поетски предмет. Кај романтичарите доминира настојувањето дека поезијата е „одраз“ на инстинктот, интуицијата и „диктатот на срцето“, а не „сува“ логичка елаборација на искуството во „главата“.

Јунакот на Бајрон е специфичен поради тиоа што е претставен како страстен талкач, мистериозен, мудар, самотен и мрачен, секогаш супериорен, полн со презир во односот со други луѓе и циничен кон институциите на општеството. Тој е бурен но самотен љубовник.

Шели се смета за храбар експериментатор и неприкосновен версификатор во долгата поетска историја на англиската поезија.

Искуството за Китс е сложен сплет од неразделни и неразрешливи спротивности: љубовта ја чувствува како највисоко посегање по смртта; тој се стреми кон светот на совршеното и вечното, без притоа да го отфрли светот на стварното и смртното. Неговата поезија нема само висока естетика, туку и етичка димензија.

350 ден

Автор: Перси Биш Шели, Џон Китс, Џорџ Гордон Бајрон
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 280 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?