Dilan-Tomas_Poezija

Поезија

Во својата поезија, Дилан Томас покажува опсесивна заложба за употребата на поетскиот јазик, опседнатост со зборот, сè со цел да се усложни значењето и да се создадат необични ритмички и звучни ефекти. Таквото богатство на значење, како и употребата на космички теми и еротска сликовитост ја прават раната поезија на Томас многу оригинална.

За Томас постои единството меѓу човекот и природата, меѓу минатото и сегашноста, меѓу времето и просторот… Неговата поезија е романтичарски спонтана и еруптивна, но и рационална, пресметано избалансирана и интелектуална.

Делото што тој го остави зад себе допре до огромен број читатели и по Втората светска војна се претвори во своевиден културолошки „мејнстрим“, средишна струја во поетскиот тек што не ги остави рамнодушни не само неговите критичари туку и голем број музичари, филмски и телевизиски сценаристи кои во голем степен црпеа инспирација од неговиот турбулентен живот и неговот макотрпно остварено дело. Затоа, Дилан Томас и денес опстојува како автор кој ја потврди синтагмата дека ако хаосот е закон на природата, тогаш редот е сон на човекот.

252 ден

Автор: Дилан Томас
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 90 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber