ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА МАЈКА МИ

Таа праша дали е ова порака од Зола и ѝ реков да се носи, дека многу добро знае оти ова не е за Зола.
„Па, не се сеќавам дека зборуваше за мене вака пред да се сретнеш со таа жена.”
„Таа жена. Дали е тоа сè што знаеш за неа? Жената која зеде денови од одмор од работа за…”
„Ох, Трупер, ајде не го ставај на маса тоа.”
„По секоја цена, ајде. Сакам да знам што мислиш.” „Па, ништо навистина. Јас едноставно не се сеќавам дека имаше навика да ги напаѓаш луѓето пред оваа врска.”

„Јас не напаѓам никого. Ти беше онаа која…”

„Знаеш што, Трупер? Ова нема смисла. Се грижам за тебе, тоа е сè. Ти си толку ужасно зависен.”

По ова бев заглавен некое време во ничија земја меѓу две жени, како стопено сирење меѓу две парчиња тост. Зборував со мајка ми по телефон одвреме навреме, но ги минував деновите со Зола. Се разбудував веднаш до неа и водев љубов со неа, а во вечерите откако ќе исчистивме, ќе ѝ ги кажував свои- те приказни од работа за луѓе кои сакаа да го купат имотот на своите соседи со цел да изградат сауна во подрумот, за колеги кои купиле кучиња за да одат на џогирање со нив, но завршија оставајќи ги во хотел за миленичиња, додека тие самите развија висока зависност од кокаин. Зола немаше верба во мојата професија. Таа веруваше дека агенциите за недвижнини биле последниот показател на дегенерацијата на со- времениот човек, морален банкрот на капитализмот и искривена слика на луѓе кои зјапаат во огледалото на бањата за да го дефинираат својот живот, но не гледаат ништо друго освен плочки. Јас требаше да се откажам и да избегам со неа во Ирска.

„Ирска !?” Мама практично се пенавеше.
„Само за некое време. Зола ќе учи геологија.” „Мислам дека најдобро место за тоа ќе биде Исланд.”
„Ние само сакаме промена на сценографијата.” „Ах… добро, се разбира, дека сакаш”, рече таа во помирен тон расипан од новооткриената возбуда. „Ова ќе биде одлично! Имам многу милји од редовните летови.”

За да ја смирам Зола решив да се запишам на практичен курс во колеџот „Тринити” во Даблин, за диплома по фројдовска анализа. Мојот прв час беше како ништо што сум видел претходно. Станав портпарол на феноменологијата, застапник на идеализмот; облечен во шарени кошули и твид јакни кои го подвлекоа мојот трансформиран статус во човечкото општество. Соучениците ми завидуваа на мојата наивна страст за Сигмунд и се прашуваа за интимната лична врска што ја имам формирано со него. Како што се загледував во мојата суштина, сосема нов свет на теории се отвори како мешалка за душата и психата.

Ефективната еуфорија околу мојата врска со пси- хоанализата, сепак, траеше само неколку недели. Сфатив дека дури и иако мојот австриски пријател имал одличен увид во човечката душа, неговите дела немаат практични решенија. Бев оставен со длабоко, речиси мачно разбирање на невозможна ситуација и во мојот очај отидов и купив нездраво скапи билети за Господарот на танцот – Мајкл Флетли, со цел да ја забавувам мајка ми за време на нејзината посета. Но наместо да ја искористат можноста да се одморат една од друга, Зола и мама инсистираа да одат заедно и завршија во локалниот паб по шоуто. Јас никогаш не сфатив што се случи, но претпоставував дека ди- вата природа на Зола го повторила хистеричниот хумор, мама се прегрнала со неа по третиот пијалак и ја напуштила на тринаесеттиот.

Сепак, пукнатините почнаа да се појавуваат. Ние се преселивме во странство за да се извлечеме од сето тоа, но некако заврши со честиот извоз на Исланд Ер; нашиот стан стана засолниште за пијани пријатели кои сакаа викенд, изнемоштени и преоптоварени, измачувани од лапавица и нешто што го викаат „Очајисланд Синдром” – еден од оние вирусни концепти од некои ТВ-шоуа кои луѓето го користат и злоупо- требуваат за да го искажат својот презир кон Исланд. Немав идеја дека имавме толку многу пријатели во Рејкјавик и бев изненаден од постојаниот пресврт во каучот од нашата дневна соба од различни тела; голи, згрчени, па дури и ебејќи се. Кога стара соученич- ка од Зола од основно училиште се јави и побара да остане додека се одржуваше тринеделна уметничка изложба на Графтон Стрит, се чувствував толку мизерен што фрлив една од нејзините слики и пешачев тринаесет часа низ градот, завршувајќи во хотелска соба со смарагдно езеро со неколку романтични лебеди. Немаше телефон во мојата соба и не стигнав до Зола до наредното попладне. Таа ми прости, но тоа беше почеток на крајот.

499 ден

Автор: Солви Бјорн Сигурдсон
Издавач: Икона
Димензии: 240стр. 13х120 cm
Тежина: 250 гр.
ОПИС

Триесет и седумгодишен, неодамна разделен со девојката, невработен и малку депресивен, Херман си има свои проблеми. А сега и мајка му, којашто е бучна и со остар јазик, многу често пијана и сè досега неподготвена за промена – има канцер. Прогнозата на докторот е прилично лоша, но по кратко истражување на интернет, Херман решава да ја придружува мајка си во неконвенционален центар за лекување во Холандија.

Мајката и синот тргнуваат на пат за Амстердам, влегувајќи во авантура полна со ракија и кригли пиво, злобно забавна, трагична и длабока. Иако конечната дестинација на мајка му е сосема извесна, патувањето им овозможува шанса да го преоценат животот – почетокот, средината и крајот.

Иако патувањето е живо и забавно, исто така создава тежок притисок врз врската меѓу мајката и синот, обременета и од тежината на нивната заедничка жед за алкохол.

Брилијантно напишана книга, смешна, меланхолична и прекрасна

– Fréttablaðið

Чисто задоволство. Солви несомнено покажа дека е еден од нашите најнадежни автори

– Viðskiptablaðið

Интересна Европска перспектива за тоа колку контрола треба или не, да се има врз својата сопствена смрт.
– New York Times

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber