Посмртна маска е современ пикарски роман. Тргнувајќи од Нови Сад, како точка на застанување којашто постојано се напушта и кон којашто јунакот на оваа приказна постојано се враќа, тој, како некаков модерен номад, во глетките и во настаните, во искуствата и откритијата низ Германија, Австрија, Словенија, Грција или во САД, се обидува да ги препознае и да ги раскаже највозбудливите искуства на модерниот свет и на неговиот сопствен живот.
Овој роман го карактеризираат возбудливата приказна, автентичната егзистенцијална сила на раскажувањето и луцидните увиди во јазичката атрактивност.
Посмртна маска е роман којшто предизвикува толкувања, потсетувања и препознавања, откритија и возбудувања.
330 ден
Немате профил?
Контактирајте не!