ПРАВОСЛАВНА ПСИХОЛОГИJА

Поднаслов: Православие и невроза Светите отци за депресијата

399 ден

Издавач: Икона
Димензии: 208стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Ако некој сака да живее духовно, тогаш тој безрезервно мора да го посвети целото свое битие на духовниот живот.
Токму оваа одлука ги заплашува многумина, па затоа се чувствуваат принудени да им служат на двајца господари, што подоцна станува извор на многу жалости

Животот ни е даден за он нам да ни служи, а не ние нему. Со идолизиранье на животот, човек порано или подоцна престанува да ја разбира неговата смисла и запаѓа во состоJба на депресивна збунетост. Тој, како коњ, продолжува да го носи тој товар на очајанието, за да на крај биде ненадејно заробен од самата нечувствителност. Ако некој сака да биде слободен, не смее да ја заборави смислата на животот.

Тагата се раѓа од малодушност, мрзеливост и празнословие.

Радоста не е грев. Таа ја елиминира секоја грижа што доаѓа од тагата, од која нема ништо добро затоа што таа со себе носи сè негативно.

Постои духовен закон за промена на нашето расположение. Кога ќе ве обземе жалост, не ѝ се предавајте премногу. Сетете сè дека по тагата ќе дојде радост. И кога си среќен, не дозволувај тоа расположение да те понесе, бидејќи жалоста сигурно повторно ќе дојде. Исто како што после сонцето наидуваат темни облаци и паг ́а дожд, така бива и со нашата духовна рамнотежа, а урамнотежен човек во сè започнува да ја гледа промислата Божја.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber