prikazna_za_gospodin_zomer

Приказна за господин Зомер

Новата книга од Патрик Зискинд е приказна од времето на детството, но не и детска книга; се раскажува за еден загадочен шетач, приказна за господин Зомер. „Во времето кога јас сè уште се јазев по дрвја, во нашето село, на одвај два километри од нашата куќа, живееше еден човек по име ’господин Зомер’. Тоа беше неговото презиме. Никој не му го знаеше името и никој не знаеше дали господин Зомер има некоја професија. Се знаеше само тоа дека госпоѓа Зомер имаше свое занимање, правеше кукли. И покрај тоа што за Зомерови, особено за господин Зомер не се знаеше ништо, со сигурност може да се рече дека во круг од најмалку 60 километри околу езерото немаше човек, маж, жена или дете – па дури ни куче – , кој не го познаваше господин Зомер, затоа што тој постојано одеше. Можеше да паѓа снег или град, да лие дожд, сонце да пече, ураган да дува – господин Зомер одеше.“ Господин Зомер оди немо од село до село, со темпо на некој кој е прогонуван, со својот празен ранец и долг необичен стап, броди низ пределот и низ будно сонуваниот сон и кошмарот на едно мало момченце… Дури кога малото момченце престанува да се јази по дрвја, изчезнува и таинствениот господин Зомер. „Класична новела.“ Дер Шпигел (Der Spiegel) Хамбург

200 ден

Автор: Патрик Зискинд
Издавач: Три
Димензии: 12,5*19,5 cm
Тежина: 110 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?