
ПРИКАЗНИ ЗА ОБИЧНОТО ЛУДИЛО
Во овие ‘приказни за обичното лудило’, Буковски, како и секогаш, е „фотограф“ на реалниот живот. Фотограф на лицата од „скриениот свет“, на лицата од хиподромите, проститутките, физичките работници, возачи на камиони, трета смена, хронични пијаници, бездомници, аутсајдери, на сите тие „поразени, нарушени и проклети“. Затоа што тоа е светот во кој Буковски, реално, учествувал во најголемиот дел од својот живот. Иронично, но неговиот „валкан реализам“ е многу близок до идеалот на реализмот
и објективноста во социологијата: хроника на општествениот живот без разубавувања, на светот каков што е, а не каков би требало да биде. Забележан со совршено прецизен јазик.
Чарлс Буковски е еден од најпознатите и најпродуктивни американски писатели. Славата ја стекнал најпрвин во Европа, а потоа и во САД. Стана култна личност, претежно за младата и за интелектуалната публика. Во текот на својот живот има издадено над 45 книги со поезија и проза.
449 ден
Quantity | Discount |
3 | 333 ден |
4 | 333 ден |
5 | 300 ден |
6 + | 300 ден |
- Product from categories: ЛЕТО 2022