ranobudni

Ранобудни песни

Во Ранобудни песни Фима Клетникова се јавува како персона зрела за внатрешна активност каква што бараат филозофите егзистенционалисти. Таа се спушта до суштината на бивството, кое пак самото по себе ја обликува нејзината грижа произлезена од кризата како постојана татковина на човекот.

Човекот никогаш не живеел надвор од кризата. Творците никогаш не престанале да ја дефинираат и да барат излез од неа. Обземена од грижата кон бивствувањето на создаденото од Создателот, Фима Клетникова ја избира архитектониката на поезијата во проза, можеби за да каже дека има премногу немир во неа, односно премногу страв и сомнеж за да го ослободи човекот преку нежни лирски тонови од мислата за него, која пек е полна грубости, немири, закани, навреди и понижувања.

Преку поетскиот израз, Фима Клетникова како да сака да ги потврди ставовите на светските зналци за поезијата во проза. Додека го читав ова нејзино дело, бев принуден да се служам со методот на Андриќ, всушност, да не читам на едно око, т.е. да потцртувам одредени стихови, а некои пак и да ги запишувам во бележникот во кој бележам значајни нешта. Трајче Кацаров

199 ден

Автор: Фима Клетникова
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 110 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber