СВЕТИЛКА ЗА ХАНУКА

НЕБОТО НА СУКОТ

Тивкото пролетно ветре носи свежина и олеснување. Нина стои загледана во квечерниот свод надвиснат над широкиот, речиси бескраен простор на рамницата и дише со полни гради. Сонцето само што потонало под нискиот хоризонт обоен во богато размешан облачен пастел. Кој ден е денес, ѝ поминува мисла низ главата, а таа се обидува да ја потисне, тонејќи со погледот во сè подлабокото вечерно небо на кое не- осетно почнуваат да се палат светилките од вечерниот полиелеј. Нина ѕури во сводот, решена, многу години по детството, одново да го следи тивкото палење на ѕвездите. Таа така го насочува текот на мислите зашто не ја сака ноќта. Жали ли за одминатиот ден? Којзнае. Сепак, одминатиот ден е завршен, затоа и секогаш извесен. Што е ова, полјана, долина, рамнина – го менува Нина текот на мислите.

Ветрот носи мириси на билки што ја омамуваат. „Пролетта е време за љубов“, ѝ поминува низ главата и неволно мислата почнува да ѝ бега во минатото. Полека ѝ се доближува Дејан, толку многу што му ја чувствува кошулата која мириса на свеж босилек што и нејзината мајка го редеше во шкафот со нејзината облека. Стојат така зад стеблото на јаворот, на гимназискиот излет кога првиот бакнеж шумоглаво ѝ го доне- се мирисот и вкусот на непочувствувани билки.

Сега се затечува себе си со затворени очи, со усните наместени за бакнеж и одмавнува со главата како да сака да го отфрли забрзаниот тек на мислите. Се обидува да не мисли, само стои загледана во ѕвездениот свод, кој веќе се покажува во неговиот полн ноќен раскош. Не виде кога се запалија ѕведите. Одново ја прелажаа мислите.

Додека погледот ѝ тоне во темниот свод испрскан со соѕвездија, полека ѝ се смируваат дамарите. Потоа поаѓа нова мисла: „Небото на Сукот1“. А татко ми, каде е татко ми? Кој ден е денес? „Небото е како на изминатиот Сукот“, констатира и се сили со таа констатација да ги истисне постојано истите прашања, чувствувајќи дека е подобро да мисли на минатото прославување на Празникот на колипките, кога во дворот, заедно со татко ѝ, го чествуваа сеќавањето на Мојсеј и на чети- риесетгодишното талкање до Ветената земја и осум дена јадеа и пиеа во нивната сукà, колипката од гранки низ чиј покрив мораа да се гледаат ѕвездите. Нивната сукà што во дворот на куќата обично ја правеше со своите две помали братчиња, овојпат ја направи сама.

Пред очи и дојде ликот на татко ѝ. Беше тивок човек, и за разлика од неа, со крупен стас, изразено чело, очила преку кои ја загледуваше со својот питом поглед со маслинеста, не докрај одредена боја. На челото имаше помалку бори одошто грижи, но не изгледаше помлад, зашто носеше долга брада која му даваше изглед на рабин, иако беше обичен шивач на облека според западната мода и почитуван член на чаршијата. Во нејзините очи тој имаше авторитет поголем и од оној на градскиот рабин. Го сакаше не само зашто ѝ беше татко, туку зашто по ненадејната смрт на мајка ѝ пред четири години, исцело им се посвети нејзе и на двете помали машки деца. Нина го сакаше зашто чувствуваше дека се обидува трите деца да не ги закине за ведрите страни на детството и младоста, маш- ките толерирајќи ги во палавостите, но и во ноќните мокрења што му се вратија на помалото братче кое и самиот трпеливо го преслекуваше шегувајќи се и терајќи го уплашеното дете на смеење, додека неа ја поттикнуваше на дружење со генерацијата, на излети со сокласниците, давајќи ѝ, секогаш кога ќе посакаше, пари за посета на приредби и претстави, дури молкум, правејќи се дека не разбира, и за матинеата што спорадично се случуваа, а на кои секогаш ја наговараше нејзината најдобра другарка Ребека. Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сè да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки. Во последно време Нина стануваше сведок на неговото променливо расположение, напати на едно тонење во мислите и грижите што само нему му беа познати, а кои го правеа повознемирен, понекогаш позборлест, во секој случај сè понеспокоен.

Го гледа, сега, вратена дома откај Ребека, онака крупен и свртен со грб кон неа, како седи во колипката со отворен весник во рацете, читајќи на скудната светлина од газијарката покрај него, додека далеку пред него, почнуваа тивко да за-блеснуваат првите ѕвезди. Задлабочен во весникот не ѝ ги чу чекорите. За првпат ѝ се виде и остарен.

„Татко, се вратив“, му вели спокојно Нина.

Моше се подзавртува за да го констатира нејзиното до- аѓање, се поднасмевнува, и со весникот в раце, не ѝ одговара директно:

„Читам во весников и не ми се верува. Никој на овој свет Ништо не научил. Му го кажувам тоа и на рабинот. Му велам: ‘Тората, раби, повторно ќе се пишува…’ А тој само зачудено ме гледа“.

Однекаде допира глас на спикер од радио…

299 ден

Автор: Томислав Османли
Издавач: Икона
Димензии: 188 стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

СОДРЖИНА


НЕБОТО НА СУКОТ

СЛИКАТА НА ТЕТКА РАШЕЛА

БАЗЕН

РАКАТА НА ХЕВХАЈ

РАБИНОТ И ИСКУСТВОТО НА ЖРТВУВАЊЕТО

СРЕЌАВАЊА ВО МУЗЕИТЕ НА ЗАБОРАВОТ

ПРАВЕДНИЦИ

СВАДБА НА ДОРЌОЛ

СМРТТА НА ЕРУСАЛИМ

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber