СВЕТОТ ОКОЛУ НАС

Поднаслов: Европските градови во новите српски раскази

Во оваа антологија, градовите се главните јунаци во приказните. Тие не се само места каде што се одвиваат настаните, ниту пак кулиси меѓу кои се движат другите ликови, исполнувајќи ги своите човечки судбини. Настанувањто на овие приказни, кои се создавани последниве дваесетина години, всушност се должи на фактот дека во секоја од нив се зборува за избран град и се обележани со постојаната потреба, низ раскажување, да се дојде до едно од можните лица на препознаениот град.

Приказните го препознаа и позајмија, а во нешто го доосмислија и исполнија, духот на овие градови, градовите им дадоа лик и ритам на овие приказни. Соживеани со градовите за кои зборуваат, овие приказни од внатре ги откриваат нивните разнолики лица: современо и историско, познато и скриено, културноисториско и секојдневно, затскриено и отворено за окото на набљудувачот, лик кој настанува на темелите на градските приказни, стари по својот постанок и оној кој се темели на градските приказни од денешно време. Овие приказни трагаат по тие лица и никогаш докрај не се задоволуваат со нив. Тука и започнува првата приказна, оттаму тргнува авантурата на раскажувачките реконструкции на различните градови.

На мапата на раскажување на оваа тематска антологија се наоѓаат суштински различни градови. Некои се вистински метрополи (Париз или Виена), други се важни симболички точки во современоста, или во културната меморија на европскиот човек (Венеција или Прага, Фиренца или Трст), некои се големи европски градови со сложена и богата историја (Минхен, на пример), некои се градови во кои приказната ги открива слоевите на модерното и традицијата (Букурешт или Рејкјавик,  Оксфорд или Осло). Некои од овие градови од многу одамна се тема на српската книжевност (Венеција и Прага, Виена и Трст, Париз и Фиренца), некои за првпат се обистинуваат во раскажувачката фантазија на српската книжевност (Рејкјавик). Но разликите постојат за да можеме да имаме и да раскажуваме свои приказни.

Во средиштето на овие приказни е сликата на градот. Таа се обликува постепено, во содејство на понови со постари слоеви, на искуството и културата, на историјата и на преживеаните увиди. Од тие слики, обликувани во новиот српски расказ се создава можната мапа на раскажувањето.

349 ден

Автор: Вида Огњеновиќ • Мирјана Павловиќ • Милисав Савиќ • Јовица Аќин Давид Албахари • Владислав Бајац • Милан Шоршрвиќ • Михајло Пантиќ Јелена Ленголд • Милета Продановиќ • Владимир Тасиќ • Ласло Блашковиќ
Издавач: Икона
Димензии: 136стр. 13х20 cm
Тежина: 150 гр.
ОПИС

Гледајќи ја ширината и разновидноста на светот околу себе, човек станува претпазлив во изведувањето заклучоци и пребирлив во изразот.

Иво Андриќ, Знаци покрај патот

 

Од начинот како човек од Балканот го гледа светот, можеби ќе се види и какви сме самите ние. Во другите, како во огледало, ќе се видиме себеси; во нивните доблести, нашите мани; во нивните можности, своите ограничувања; во нивните способности, својата немоќ. А да се надеваме, иако надежта не е голема, во нивните мани, ограничувања и немоќ, на извесна шанса за самопочит.

Борислав Пекиќ, Писма од туѓина

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber