Синови и љубовници

Синови и љубовници

Романот Синови и љубовници на Д. Х. Лоренс е еден од најраните и најистакнати модернистички примери во светската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста. Но, не само тоа. Тој може да се чита на неколку различни нивоа: како роман за љубовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Едиповиот комплекс, како психоаналитичка автобиографска сеанса, како реалистична анализа на општествената состојба во британските рударски региони во почетокот на ХХ век, како одбрана на маргинализираните и поинаквите, како студија на карактери, како апологија на природноста и книжевен израз на пејзажната убавина, како психолошка семејна драма…

Таквата комплексност придонела овој роман заедно со контроверзниот роман Љубовникот на леди Четерли од истиот автор, да се вбројат меѓу најчитаните и највлијателни книжевни остварувања на дваесеттиот век, да се најдат во фокусот на интересирање на многубројни критичари и коментатори, да предизвикаат голем број расправи и толкувања, филмски адаптации и друг вид реплики и експертизи. Двата романа во времето на објавата предизвикале бурни скандали и отпори, а денес се неизоставна белетристичка лектира, нашироко прифатена како неоспорна книжевна вредност.

200 ден

Out of stock

Автор: Дејвид Лоренс
Издавач: Ѓурѓа
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?