СИН

I

Сѐ ќе беше поинаку ако успеев да го сопрам гадењето, си помислив.

Низ спуштените ролетни го здогледав сонцето. Ја загуби сета своја сила, и сега немоќно да гори, исчезнуваше зад крошните со маслинки кои се растегаа до песокот на Валданос, и понатаму сѐ до Круч и Утеха – котлина преполна со капачи решени телата да им го впијат и последниот канцероген зрак, пред да си заминат дома и својата изгорена кожа да ја натопат со копии од скапоцени парфеми, да ја облечат својата предизвикувачка облека и да одлетаат во дискотеките и на терасите со народна музика, полни со верба дека вечерва ќе легнат на некое туѓо тело со изгореници од трет степен, дека ќе имаат, а потоа ќе заборават некое човечко суштество, слично на себе.

На почетокот бев решен уште некое време да по- лежам, но морав да станам зошто смрдеата од пот во собата беше неподнослива. Собата е од западната страна, си помислив, затоа пладнињата во неа се топ- ли како во леарница. Цело попладне сонцето бие во нејзините ѕидови. Дури и кога ќе зајде проклетото, неговата топлина избива од ѕидовите. Цела ноќ ѕидовите ме гаѓаа со својата топлина. Од кога се вселивме во оваа куќа, од првиот пат кога легнав во овој кревет – се препотував. Ќе се разбудев во три наутро и морав веднаш да станам, зошто перницата и чаршавот беа натопени со пот и смрдеа, и тоа смрдеа незамисливо, просто неподносливо. Се будам насред ноќ и мора да станам, сопственото тело ме бркаше од креветот.

Катастрофална беше одлуката да ја изберам токму оваа соба за спална. Еден ден во неа ставивме кревет, плакар и полици, и веќе од тој ден, иако тоа го сфативме подоцна, нашиот брак беше готов. Ништо не можеше да ја преживее ноќта во оваа соба, најмал- ку нешто толку кршливо, толку слабокрвно како што беше нашиот брак.

Две години се потев, се будев исплашен од здивот на сопственото тело, со часови пиев кафе на балконот, а пред зората накратко повторно ќе заспиев на каучот со дневната соба. Сомелен од несоницата и уморот, ја дочекував со прегратка кога ќе се разбудеше. Две години се обидував да сфатам што не е во ред, зошто сѐ отиде по ѓаволите, две години се обидував да го напрегнам умот, исцрпен од несоницата и незадоволството кои ја исполнија оваа куќа. Две години, не успеав ниту да мислам. Две години беше така и потоа сѐ беше готово. Си отиде. Рече дека не може повеќе и си замина. Истиот момент се фрлив на креветот во кој уште еднаш ноќта претходно, во нашиот ритуал на хипокризија, си рековме те сакам еден на друг. Заспав уште додека паѓав. Се разбудив во пот, како и секо- гаш. Навистина си отиде, беше првото нешто на што помислив кога ги отворив очите. Неа повеќе ја нема- ше. Креветот и понатаму смрдеше на мене.

Станав, речиси како да побегнав од креветот. Ја затворив вратата зад себе, решен дека од таа соба повеќе нема ништо да излезе. Се одвлеков во кујната и ставив вода за кафе на шпоретот. Потоа се вратив до собата и за секој случај два пати ја заклучив вратата.

Нешто можев и да прочитам, си помислив. Конечно можам нешто да прочитам, си реков себеси, има веќе две години откако не читам ништо освен црната хроника во весниците. Сѐ уште ме интересира само црната хроника и книгите за сериски убијци. Ме ин- тересираат само нескриените изливи на зло, си поми- слив, немам повеќе сила за херменевтиката на злото, тоа е зад мене. Не можам повеќе да издржам да барам зло во секојдневните постапки, како што велат обич- ните луѓе. Наместо тоа, избирам вулгарни манифес- тации на злото. Човек убил триесет луѓе и ги закопал под куќата – со тоа сѐ уште можам да се соочам. Но, секојдневната злоба, потиснатите желби и евтината итрина на луѓето со кои се среќавав, низ кои гледам како низ ништо, додека ми се обраќаат како на слепец уверени дека ме убедиле во нивната добронамерност – за тоа повеќе немам сила.

Весниците тоа утро напишаа – го изел на негова молба. Црната хроника пренесе приказна за Армин Меињес, канибал од Германија. Граѓанинот Меињес своевремено, пишуваа весниците, ѝ пристапил на канибалската заедница на интернет. Луѓето се дружељубиви битија: се собираат откако ќе се родат, се собираат и кога одат во војска и учат да убиваат други човечки битиа, се собираат и кога сакаат да се парат, па затоа стапуваат во брак, се здружуваат, на крајот, и кога сакаат да се изедат едни со други…

299 ден

Автор: Андреј Николаидис
Издавач: Икона
Димензии: 124стр. 13х20 cm
Тежина: 150 гр.
ОПИС

Син следи една ноќ во животот на еден херој без име, писател чиј живот се распаѓа. Тоа попладне неговата сопруга го напушта. Тој е во конфликт со својот татко долги години. Татко му го обвинува за смртта на мајка му. Неспособен за наоѓање на внатрешен мир, заминува во топлата медитеранска ноќ, во градот Улцињ прикажан како повеќеслојна мешавина од европски димензии, африкански влијанија и комунистичко минато.
Херој на Син е човек кој не може да се прилагоди на новите времиња и правила. На неговото патување во ноќта, тој сретнува различни карактери: студент по пијано во Виена кој ја напуштил својата музичка кариера и живее како исламски проповеник, радикален христијански свештеник и група на бегалци од Косово. Во стилот на Михаил Булгаков, ликовите се среќаваат во стариот дел на градот Улцињ, на плоштадот на робовите – локација каде до 19 век живееле пирати кои продавале робови, а според легендата, меѓу робовите бил и познатиот автор на Дон Кихот, Мигел де Сервантес.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber