Сликата на Доријан Греј
300 ден
Овој фасцинантно напишан роман во себе го содржи вечниот фаустовски мотив на безусловен „договор со ѓаволот“, со цел да се достигне идеалот на вечната младост и привлечност.
Сфаќајќи дека еден ден неговата убавина ќе избледи, Доријан Греј изразува желба да си ја продаде душата во замена за тоа да старее неговиот насликан портрет, а не тој. Желбата му се остварува – тој престанува да старее. Започнува да води распуштен живот, а ефектите од тоа се рефлектираат врз портретот, кој му служи како потсетник за сите зла што ги нанесува на сопствената душа. На крајот поради немоќта да се соочи со последиците од својот договор, Греј оди во целосна пропаст.
Сликата на Доријан Греј е софистициран, но суров роман за постојаната желба на човекот за вечна младост и убавина, роман за несовршеноста на човекот и незапирливиот порив таа несовршеност да се надмине, но и роман за ограничените можности на човечката егзистенција.