Smrtta

Смртта на Артемио Круз

Романот Смртта на Артемио Круз се смета за ремек-дело на еден од најзначајните латиноамерикански писатели од втората половина на XX век – Мексиканецот Карлос Фуентес.

Смртта на Артемио Круз претставува портрет на имагинарниот револуционер и богаташ Артемио Круз. Лежејќи во претсмртна агонија, Круз се сеќава на сопствениот живот. Нишките од неговата животна приказна се преплетуваат со клучни настани од историјата на Мексико.

Фуентес мајсторски комбинира бројни животни судбини, манипулирајќи со калеидоскоп од слики, трупајќи слоеви врз слоеви, од херојските борби на Круз за време на Мексиканската револуција, преку неговото немилосрдно збогатување, до неговата смрт.

Раскажувачката перспектива често се менува за да се постигне чувството на суштинската недофатливост на човековата егзистенција. Истовремено, книгата е и остра критика на мексиканското општество и особено на политичките манипулации и злоупотреби на моќта.

315 ден

Автор: Карлос Фуентес
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 270 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?