Solomonovata-pesna_Toni-Morison

Соломоновата песна

Со страст и глас што опишува со прекрасни детали и создава магична атмосфера, третиот роман на Тони Морисон е моќна приказна која ги следи животите на едно црнечко семејство и нивните пријатели во Мичиген. Во фокуст на романот се потрагата по идентитет и духовниот растеж на Макон Покоен III, со прекар Млекар. Романот е раскажан од негова гледна точка и претставува моќно, сензуално и соголено истражување на животните перспективи, личните судбини и животните преокупации на четири генерации од неговото семејство.

Од фантастичната прва сцена во која осигурителниот агент Роберт Смит се подготвува да „полета“ од покривот на една зграда – со луѓе насобрани да го гледаат, меѓу кои една жена што пее и друга што се пораѓа – до крајот, ова е книга што целосно ќе ви го задржи вниманието.

Морисон бравурозно ги комбинира елементите на магијата, митот и фолклорот, создавајќи дело што може да се вброи меѓу најдобрите остварувања на магичниот реализам.

315 ден

Автор: Тони Морисон
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 320 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber