se_stp_treba_da_znam_nauciv_vo_gradinka

Сè што треба да знам научив во градинка

На овие страници нема да најдете познати и славни луѓе. За големата вистина во нејзиното секојдневно појавување овде зборуваат мали и непознати: чевларот кој во чевлите што веќе не може да се поправат ставил колаче, Индијанецот со одбивно грдо лице кој во мигот кога ќе почне да игра станува убав, малото глувонемо момче кое заработува xепарлак собирајќи паднати лисја. За малите животи во кои препознава голема смисла, Роберт Фулгам пишува мудро и духовито. Над секоја приказна во оваа книга читателот ќе застане и ќе размисли за својот живот. Сè што треба да знам научив во градинка е книга што дарува мудрост, благост и оптимизам, зашто Фулгам вдахновено пишува за луѓе од сите возрасти и од сите вери. Верувам дека фантазијата е посилна од знаењето. Дека митот е помоќен од историјата. Дека соништата се посилни од фактите. Дека надежта го победува искуството. Дека смеата е единствен лек за тагата. И верувм дека љубовта е посилна од смртта.

250 ден

Автор: Роберт Фулгам
Издавач: Три
Димензии: 12,5*19,5 cm
Тежина: 170 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?