Татарска пустина

Татарска пустина

Издадена во 1940 година, „Татарска пустина“ на Дино Буцати е една од најраните студии на општочовечката егзистенцијалистичка криза предизвикана од цивилизацискиот крах наречен две светски војни: повеќе од деценија пред Бекет, Буцати наоѓа книжевен модел за нововековниот апсурд и светот сè повеќе лишен од секаква смисла.

„Татарска пустина“ го следи престојот на младиот офицер Џовани Дрого во пограничната тврдина „Бастијани“ сместена јужно од една пространа пустина за која се верува дека во минатото била населена со Татари. Убеден во важноста на својата мисија и во можноста да стекне војничка слава, Дрого го поминува својот живот, исчекувајќи го нападот од Татарите – но нив се чини дека ги има многу малку во пустината, а многу повеќе во приказните на другите.

Читан и почитуван, романот „Татарска пустина“ на Дино Буцати e онирично-луциден преплет од визии и сенки, од мистерии и митови без никаква историска условеност, ремек-дело со ретка префинетост и убавина низ чија едноставна фабула, со лиричност на поет, Буцати доловува портрет на еден човек чија судбина полека му бега од рацете, човек кој го минува животот во неумоливо исчекување на нешто што никогаш нема да се случи.

150 ден

Автор: Дино БУЦАТИ
Издавач: Ѓурѓа
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил