ТАТКО НА МОЈАТА ЌЕРКА

 

– На што работат бродовите?

– На ветар.

– На што работат трамваите?

– На струја.

– На што работат мелниците?

– На вода.

– На што работат локомотивите?

– На јаглен.

– На што работат автомобилите?

– На бензин.

– А на што работат татковците?

– На бакнежи! Тато, вака ли Индијанците ги носеле своите деца, како ти мене?

– Не. Храбриот воин никогаш не носело малата скво. Големата скво имало носилка и носело малата скво. Малата скво цел ден гледала големо пасиште. Кога била гладна, малата скво цицало мајка. И кога имало седум години, таа цицало. Но, малата скво не смеело плачело.

– Зошто?

– Ако тоа плачело, непријателот открил племето, убило мама и запалило вигвам.

– А кога бебето е многу мало?

– Мајка однела бебето далеку од логорот, и оставило.

– Не однела!

– Однела. Тогаш малата скво научило, ако тоа плачело, тоа ќе останало без вигвам и без мајка, и тоа никогаш не плачело.

– А кога било гладна?

– Тоа добило да јаде.

– Како би се викала јас да сум Индијанка?

– Утринска Насмевка.

– А ти?

– Сивиот Скалп.

– А мама?

– Скво на Сивиот Скалп.

399 ден

Автор: Ненад Величковиќ
Издавач: Икона
Димензии: 202стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Ненад Величковиќ во оваа книга повторно совршено го одсликал односот кон жените, ќерката и многу тоа што го живееме секојдневно

Совршена слика за односот кон жените, љубовта кон ќерката и уште многу тоа во кое што живееме.


Жените коишто мислат со своја глава, имаат став, работат, не се русокоси, не се кикотат глупаво, патуваат, зборуваат странски јазици и соговорникот го гледаат в очи и не можат да најдат соодветен партнер. Бидејќи сите оние мажи, кои во лудите шеесетти во цветни трапез-панталони им даваа поддршка на гласно­говор­ни­ците за правата на жените и човековите права воопшто, откако добро се надуваа и се изебаа со истите на кожните фотелји во интелектуалистичките салони, се оженија со русокосите глупачки од соседството и своите деца ги воспитуваа по рецептот на нивните дедовци…

Додадов дека она што ние го викаме љубов, е хемиски процес, со кој Природата обезбедува продолжување на видот.

А твојот брак? – праша.

Тоа е приказна за љубов која навреме не се претвори во пријателство, напишав. И уште дека моногамијата е погрешен начин на живот. И дека бракот е економска заедница.

Ништо не е потажно од еретик-конформист – одгово­ри.

Но тажните луѓе раскажуваат најсмешни вицови.

Фата заборавила дека Мујо е во wc-то и го изгасила светлото. Мујо се дере од внатре, Фатооо, ти ли го изгасна светлото? Да. Фала Богу, јас веќе помислив дека ми испаднаа двете очи.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber