ТАТКО

330 ден

Автор: Миљенко Јерговиќ
ОПИС

Татко е можеби роман, можеби есеј, можеби мемоар. Пишуван е по правилата на функционалната проза, а сепак, ништо за што Јерговиќ раскажува во оваа книга не е фикција. Во некоја смисла, Татко е „мала историја“ на едно време, начинот на кој луѓето се криеле едни од други, неговите обичаи и навики, па на обичните јунаци кои живееле во тоа време и преживеале, семејната мимикрија и приватниот пекол по домовите на угледните социјалистички граѓани. Започната ден после татковата смрт, оваа необична и возбудлива книга, различна од сè што Јерговиќ досега пишувал, зборува за националните и приватните предавства, за блискоста и за ѕидот помеѓу таткото и синот, за простувањето и за она што е непростливо, за умирањето од трепет и страв. Повремено сроден со раната проза на Петер Хандке, Татко е како хируршки зафат кој авторот го врши на живо, врз самиот себе.

Есеј за едно дете, неговото растење, формирање на личноста и влијанието на неговиот татко. Ова е приказна за семејството и за тоа како нè обликуваат луѓето за кои мислиме дека немале влијание врз нас.

Постои тенка нишка меѓу децата и родителите, вткаена во моменти на одгледување и напишана во моменти на зрели години кога сè станува полесно и потешко… нè влече назад и бара внимание за да нè изненади и само за еден ден се претвора во невидлива пајажина, тесна, нежна како свила и видлива само на првото утринско сонце….

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber