tajnite_na_lugeto

Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат

Бестселерот „Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат“ е оригинален, информативен и забавен водич што открива несекојдневни, но неверојатно ефикасни начини за зачувување на здравјето и за живот без настинки и болести. Водичот е резултат на долгогодишно истражување и експериментирање на авторот Џин Стоун, чија желба да најде начин да остане секогаш здрав го доведе до осознавање на дваесет и пет различни тајни за здрав живот – тајни што се сосем логични и зад кои постои вистинска научна основа: тајни за здрава исхрана – да внесувате повеќе пробиотици, да ја одржувате пХ-рамнотежата во организмот, да „јадете половина“; тајни за животната околина – да живеете во „сината зона“ и да го разберете значењето на бактериите; тајни за душевното здравје – да стекнувате пријателства и да се дружите, да ја негувате вашата духовност; тајни за спортувањето – придобивки од теговите и моќта на истегнувањето; тајни за физичкото здравје – да дремнувате почесто и да се туширате наутро со студена вода. И, секако, старата мудрост што излекувала генерации – да, кокошкината супа е здрава. Приказните ви ги доближуваат, истражувањата ви ги потврдуваат, а примерите ви покажуваат како да ги примените во вашиот живот сите тајни од овој водич и да станете идната личност што никогаш не се разболува.

450 ден

Автор: Џин Стоун
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 250 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?