Temnata-soba

Темната соба

Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот ја користат просторијата за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Реалноста постепено навлегува внатре, додека некои размислуваат дека не е време за криење, туку за враќање на ударот, иако со своите одлуки можат да ги загрозат другите членови на групата.

Романот Темната соба претставува книжевно истражување на можностите на темницата, но исто така и портрет на една генерација: портрет на оние чија верба во подобрата иднина замира. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба во текот на петнаесет години, го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација која се чувствува прелажана.

Неопходен роман (…) просторијата ве вовлекува во себе.
Серхио Санкор

350 ден

Автор: Исак Роса
Издавач: Магор
Димензии: 130*19,5 cm
Тежина: 250 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?