Трофеј

Животот не е игра, не е театарска претстава. Нема генерална проба, нема реприза. Понекогаш знае да биде и тажен, кошмарен сон од кој тешко се будиме, не можејќи да ги препознаеме знаците за излез од лавиринтот. Но големите борци секогаш успеваат да откорнат од себе уште едно парче надеж и верба во него. Благодарение на таа верба, на љубовта и поддршката од пријателите, тие продолжуваат понатаму, храбро преземајќи ја главната ролја во својата животна приказна.

Весна на сцената ни пренела низа приказни од безброј драмски автори допирајќи го дното и досегнувајќи го возвишеното, а сега ни ја раскажува и сопствената приказна. Во неа ќе ја видиме како машкуданесто девојче, како актерка по вокација која не ги споменува наградите и никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка… Но пред сè, како човек со големо срце. Искрено и од дното на душата, таа го распостила пред нас својот живот исткаен од спомени и надежи, солзи и радости, падови и подеми. Без разубавувања и задршки, без цензура.

299 ден

ISBN: 9786082304724 Категорија , , Tag
Автор: Весна Петрушевска
Издавач: Три
Димензии: 147 стр. 12.5 х 19.5 cm
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?