Љубовта и болката се опсесивни теми за Славенка Дракулиќ, а во Фрида Кало пронашла хероина којашто ѝ овозможила да ги истражи најдлабоките и најосновни чувства кај човекот. Фрида, и покрај постојаната и неподнослива болка предизвикана од многубројните операции, живеела интензивно и исполнето. Нурнувајќи се во нејзиниот свет, со многу деликатност, Славенка Дракулиќ напиша фасцинантен роман во кој постојано се испреплетуваат јазикот на болката и јазикот на љубовта.
Никој не ги зграпчил делата на умот и срцето на Фрида Кало, есенцијата на нејзиниот креативен дух, толку моќно како што Славенка Дракулиќ го прави тоа во Фрида или за болката