ФУДБАЛ - Како се победува

Поднаслов: Прекрасна игра и наука

349 ден

Автор: Кен Бреј
Издавач: Икона
Димензии: 276 стр. 13х20 cm
Тежина: 300 гр.
ОПИС

Фудбалот е прекрасна игра, но и многу повеќе од тоа. Ако сакате да разберете што НАВИСТИНА се случува на фудбалските терени, прочитајте ја оваа книга.

Од различни формации на тимовите до психолошка анализа на атмосферата на теренот и во соблекувалните, оваа книга ни прикажува цела една наука која стои зад оваа прекрасна игра.

Кен Бреј дава одговор на горливите прашања во фудбалот: како да изведеш совршен слободен удар? Кој е под поголем стрес: одбраната или нападот? Како со сигурност да се утврди дали топката ја минала гол линијата? Како се изборува пенал?

Кен Бреј анализира разни фудбалски теми: незаборавни натпревари одиграни во последните 50 години, начинот на игра на локалните и светските фудбалски ѕвезди, научен пристап кон фудбалот преку аеродинамика и компјутерска симулација и сето тоа прикажано преку историјата на фудбалот.
Како никогаш порано, скриените правила и законитости на оваа игра се објаснети преку најмодерни истражувања од областа на физиката, биологијата, психологијата, информатиката и физиологијата.

Секој ден зборуваме за фудбал: на стадион, на работа, пред телевизорот – Како се победува ни помага да ЗНАЕМЕ што се случува на теренот и околу него.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber