Hercog

Херцог

Херцог е сложен, моќен, апсурден и реалистичен роман, во кој авторот нуди повеќеслоен портрет на јунакот на модерното време, кој се бори со сложеноста на сопствената егзистенција.

Збунетиот средовечен интелектуалец Мојсеј Е. Херцог одеднаш сфаќа дека по разводот со својата втора жена се наоѓа во емотивен и интелектуален хаос, од кој се обидува да излезе со пишување писма до разни личности, живи или мртви: до своите пријатели, до психијатарот, до адвокатот за разводи, до претседателот на САД, Хајдегер, Шредингер, Ниче итн. Неговите писма се одраз на неговата внатрешна состојба. Тие се опсесивни, луди, остри, тажни, прецизни, луцидни, инспиративни… Херцог истовремено е трагичен и комичен лик, длабок и изгубен, интелигентен но и неснаодлив во современото општество. Сепак, на крајот со помош на своите морални начела тој успева од наполно деперсонализирана личност да се соземе и да го открие своето битие, од распарчените делови на својот дух да создаде еден цел човек. Тоа е најважната трансформација што му се случува.

Херцог е едно од најдобрите остварувања на нобеловецот Сол Белоу. Книга што претставува прослава на јазикот, ситуациите, ликовите… Прослава на пишувањето и на читањето.

290 ден

Автор: Сол Белоу
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 390 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber