crna_i_srebrena

Црна и сребрена

Третиот роман на Паоло Џордано, Црна и сребрена, раскажува за интимниот живот на едно модерно младо италијанско семејство, кое доживува криза по смртта на старата помошничка и дадилка на детенцето на семејството. Госпоѓа А. е повеќе од домашна помошничка, таа е стожер на семејството, единствениот сведок на врската што ги спојува.

Црна и сребрена е меланхолична љубовна приказна, раскажана со префинет и интимен јазик и – за првпат во творештвото на авторот – во прво лице. Џордано се сосредоточува на надворешните подробности, меѓутоа ги користи за да ги долови со нив внатрешните светови на своите ликови, нивните заемни односи или стравови. Кога семејството ќе ја загуби госпоѓа А., ненадејно чувствува празнина што не може да се пополни. Но младата двојка допрва треба да согледа дека нејзината сила веќе е дел од нив.

99 ден

Автор: Паоло Џордано
Издавач: Три
Димензии: 14*20,5 cm
Тежина: 120 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber