ЧОЛОЛАДА

499 ден

Автор: Џоана Харис
Издавач: Икона
Димензии: 324стр. 13х20 cm
Тежина: 350 гр.
ОПИС
  • „Дали е ова најдобрата книга на сите времиња? Навистина е извонредна…
    Големината на Харис лежи не само во самата приказна, во смислата за хумор и во чудесната слика за провинцискиот живот во внатрешноста на Франција, туку и во нејзината умешност за раскажување.
  • „Необична, привлечна бајка за чоколадото“.

Literary Review Guardian

  • Кога егзотичната непозната жена, Вијан Роше, пристигнува во француското село Ланскенет и отвора продавница за чоколадо наспроти самата црква, отецот Рено во неа препознава сериозна опасност за своето стадо – особено затоа што е почетокот на Велигденскиот пост, традиционален период на самоодрекување. Свештеникот ги прогласува производите на дојденката за смртен грев, што претставува објавување на војна.
  • Одеднаш кафе-продавницата на Вијан станува место во кое се шепотат тајни, се олеснува болката, се остваруваат соништата. Но, намерата на Вијан да организира Велигденски фестивал на чоколадото ќе внесе раздор меѓу мештаните, кој ќе се претвори во битка за „црква, а не чоколадо“. И додека неизвесноста расте, расте и дилемата: може ли возвишеноста на црквата да се спореди со паганската страст кон чоколадниот éclair?
  • За прв пат во една книга, чоколадото го добива местото кое заслужено му припаѓа. Раскошна, мудра и палава, „Чоколадо“ е книжевна гозба, во која уживаат сите сетила.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber