Насекаде низ светот, во Британија, во САД, во Азија и на Блискиот исток, постојат моќници коишто заработуваат преку хаосот – ги искористуваат крвопролевањата и катастрофите за да можат сурово и немилосрдно да го преобразат светот во склад со сопствените идеи. Тие се доктори на шокот.
Како возбудливо откритие, Шок доктрина ни ја открива тајната историја на нешето време. Разобличувајќи ги глобалните профитери, Наоми Клеин открива податоци и меѓусебни поврзаности коишто ја потресле дури и неа – колку сеопфатно, убедувањата на докторите на шокот доминираат во нашиот свет и на кој начин е остварена таа доминација. Заработувајќи милијарди на едно цунами, ограбувајќи низ Русија, и искористувајќи го Ирак – застрашувачка приказна за тоа како некои „тепаат“ пари, додека другите се тепаат меѓу себе.

Наоми Клеин е наградувана новинарка и писателка. Нејзината прва книга, светскиот бестселер No Logo, е преведена на триесетина светски јазици. Пишува колумни за The Nation и за Guardian, а известуваше од Ирак за магазинот Harper’s.
Постојат само неколку книги коишто ни помагаат навистина да ја разбереме сегашноста. Шок доктрина е една од тие книги.
John Gray, Guardian
Секој што сака да сфати како функционира светот, треба да ја прочита веднаш.
Rolling Stone