jon

Јон

Креуса е единствената ќерка на Ерехтеј која може да ѝ даде на Атина легитимен наследник на престолот и да ја продолжи кралската лоза. Но таа е омажена за Ксут, а тој е туѓинец. Доколку добие син со него, тој не ќе биде чист атињанец. Меѓутоа, Креуса нема деца со Ксут и доколку бракот остане јалов, ќе исчезне лозата на Ерехтеј. Толку заплеткана состојба што може да ја разрешат само боговите…

Исполнета со контрасти, со мешавина на насилство и убавина, со страсти и иронија, со љубов и омраза, оваа неконвенционална грчка трагедија, која многумина ја дефинираат како романтична мелодрама или како софистицирана комедија на идеи, сепак е трагедија во вистинска смисла на зборот, бидејќи парадигматично исцртува смртни луѓе кои од незнаење дејствуваат во заблуда и грешат и коишто на крајот со помош на божја интервенција се извлечени од бездната кон која ги води нивното, на човечки ум потпрено, дејствување.

200 ден

Автор: Еврипид
Издавач: Три
Димензии: 12,5*19,5 cm
Тежина: 90 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?