Џез
315 ден
Џез (1992) се вбројува меѓу најдобрите дела на нобеловката Тони Морисон.
Во зимата 1926 година, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, ја убива својата млада љубовница. На погребот, Виолета, жената на Џо, го напаѓа трупот на девојката. Оваа страсна, прониклива приказна за љубовта и опсесијата е исткаена од жестоки емоции, силни надежи и длабоки стравови.
Живата музика и животниот стил од дваесеттите години во Харлем ритмички пулсираат на страниците на Џез. Онака како што џез музиката често е нескротена, слободна и хаотична, така и настаните во романот се претопуваат, временските и просторните нишки се вплетуваат една во друга, минатото и иднината се мешаат, а прозниот текст се претвора во поезија и музика.
SKU:
9786082232157
Категории Белетристика, Книги, Класици, Македонски
Ознаки: Роман, Белетристика, книги, реалистичен роман