КЛИКНИ-ЧИТАЈ (првите страници од книгата)
Преку блажено несигурниот глас на нараторот Карин, Пред да заспиеш се враќа назад, од денешниот Осло до Бруклин во 1930 година, за да ги поврзе емоционалните наследства на семејството Блум. Карин истовремено е разиграна и меланхолична – сериска заводничка која се самодефинира како спротивност на жените во нејзиниот живот: нејзината мајка, Ани, заводлива, манипулативна и мелодраматична; нејзината сестра Јулија, нереализирана жена и мајка, поради сомневањата во неверствата на нејзиниот сопруг; тетка Селма, најгневната старица на светот, а нејзината баба-војник Јуне се обложува дека Карин ќе биде проклето најдобар војник од сите нив.
Вешто напишаниот роман Пред да заспиеш на Лин Улман има особено софистицирана литературна форма и јасен поглед на тајните коишто демнат под површината на бракот и на љубовните односи.“ – New York Times –