Со знаење – до знаење
500 ден
„Пред нас е книга напишана од автор со големо теоретско и практично искуство. Инспиративна и поучна, пишувана со јасен и разбирлив стил. Лесно се чита и ценам дека ќе биде интересна за поширок круг на читатели кои ќе може да стекнат сознанија за значењето на знаењето и за неговата примена во разрешување на широк круг проблеми со кои денес се соочуваме. Примерите од пракса се оригинални, занимливи и поучни, со споменување на голем број лица, кои ја претставуваат позитивната страна на промените.“
Д-р Благоја Наневски
„Ова е една од ретките книги која со посебна оригиналност и на структурен начин ги опфаќа најновите сознанија за теоријата и практиката која се занимава со актуелни прашања во управувањето на деловсните организации, поврзувајќи ги организациските аспекти од информатичката технологија. Големото практично искуство на авторот се дополнителна вредност на книгата. Таа претставува значителен придонес кон науката. Пишувана е со јасен стил и ја прави прифатлива за широк круг на луѓе.“
Д-р Сеадин Џафери
„Среќен сум што се родив, образував и активно работев во еден драматичен период во развојот на човештвото. Своето школување го започнав во средината на 20-от век, а професионалната кариера ја завршив на крајот на првата декада од 21-от век. Имав проактивен однос кон промените кои се случуваа во опкружувањето а тие, пак, значително придонесоа на промените кои се случуваа во мене ми со мене; едноставно, се „лепеа“ за мене. На многу од нив им „одев в пресрет“ бидејќи ми претставуваа вистински предизвик.“
Мичо Јачев