101 зен приказна

Кога зенизмот би имал свои свети списи, тогаш оваа колекција зенистички текстови, како и снскритските ракописи што им претходеле, би можела да полага право на тоа да биде вклучена во нив. Овде се собрани во една книга сите искуства на зенизмот, неговите загатки и приказите на степените на свесноста, заедно со сличните учења кои се со векови постари од зенизмот. Овие извадоци го наведуваат читателот длабоко да се нурне во секојдневниот живот и да го открие изворот на своето битие. Првата книга, 101 зенистичка приказна, ги следи доживувањата на зенистичките учители и нивните ученици кои во последните седумстотини години трагале по саторито или просветлувањето. Втора книга е познатата Мумонкан, колекција загатки што зенистичките учители ги користеле за да ги доведат своите ученици до просветлувањето. Десет бикови, што ја илустрирал еден од најголемите јапонски уметници на дрворез, содржи коментари за степените на свесност на патеката на просветлувањето. Четвртата книга, Сосредоточување, претставува превод од санскрит на едно древно учење кое во Кашмир опстанало с¢ до денес, а од кое, се чини, води потекло зенизмот. Зенизмот би можел да се нарече внатрешна вештина и изум на Истокот. Во Кина го вкоренил Бодидарма, кој во шестиот век дошол од Индија, а до дванаесеттиот век се пренел подалеку на исток, во Јапонија. Опишуван е како: Посебно учење без свети списи, над буквите и зборовите, што упатува на суштината на човечкиот ум и проникнува во вистинската природа на човекот, патеката на Просветлувањето„. Проучувањето на зенизмот, на развојот на природата на човекот, не претставува лесна задача во кој и да било период на цивилизацијата. Многу учители, вистински и лажни, настојувале да им помогнат на другите во тоа достигање. Овие приказни настанале од безброј вистински зенистички случки. Му пожелуваме на читателот да ги препознае во животното искуство на нашето време.

280 ден

Издавач: Три
Димензии: 11*18 cm
Тежина: 110 гр.
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил