НЕБО ВО КАПИНИ

Глава 2

Откога Јакоб се разболе, светилничарот Кристиансен доаѓаше почесто на Торунген, носејќи ги неопходните продукти. Сега, неговите посети станаа редовни.

Една пролет тој се појави во придружба на својот син Салве, убаво момче со темна коса и темни очи и умно лице. Салве работеше на рибарските бродови кои ловеа покрај брегот, уште од раната младост. Ставата на момчето не беше крупна, но изгледаше робусно и силно, квалитети кои му беа добредојдени во ситуациите во кои се наоѓаше поради својот брз јазик. Тогаш имаше осумнаесет години и беше морнар на трговските бродови, а беше добар танчар и беше совршено свесен за тоа. Внуката на стариот Јакоб беше девојче од четиринаесет години и тој не ја забележуваше, а не ја удостојуваше ни со разговор. Тој се воздржуваше да не ѝ каже дека му личи на чапја; а таа со дебелото волнено скутале, заврзано околу појасот и не беше многу далеку од таа претстава. На патот накај дома, тој рече дека досега не сретнал такво женско суштество и дека би дал сѐ за да ја види како танцува со тенките раце и нозе во некоја сала за игра, што, според него, би изгледало како да танцува скакулец.

Следниот пат кога дојде во посета, таа го зеде сребре- ниот часовник на дедо ѝ и му го покажа, а разменија и неколку реченици. Неговиот прв впечаток беше дека таа е глупава. Таа поставуваше најразлични прашања, мислејќи дека тој знае сѐ. На крајот, таа сакаше да знае како е да се живѐ на брегот, помеѓу луѓето од Арендал, а особено ја интересираше однесувањето на дамите. Тоа му претставуваше таква забава, нејзината простодушна лековерност со која таа ги прифаќаше неговите измис- лици во секоја тема на разговор. Но, откога си замина, не беше сигурен дека не му е жал за тоа што го стори, а во исто време тој откри дека девојчето, на некој свој начин е сѐ, само не глупаво.

Неговото чувство на жалење го прогонуваше и дома, поради прекрасните неверојатни приказни на стариот Јакоб. За време на следната посета, старецот беше многу лошо настроен кон него, му беше толку непријатно во куќата, што тој направи сѐ за да ги заврши работите што е можно побрзо. Додека тој беше зафатен со работите, девојчето му раскажуваше сѐ за Наиад и за тоа како дедо ѝ учествувал во битката. Салве беше вознемирен од старецот и гледаше на него како на старо куче со лош карактер, кое гледаше што се случува помеѓу нив, додека девојчето не можеше да го забележи тоа или едноставно не можеше да го разбере. Кога тој заврши со тоа што го работеше, тој ги покажа своите чувства на начин кој таа го разбираше; тој почна да се смѐ со неверица.

„Стариот Јакоб бил на Наиад! Ова е прв пат некој да слушнал за тоа”.

Но, за жал, старецот излезе надвор да види еден брод кој поминуваше, а таа, црвена во лицето од бес се сврте кон него, плачејќи:

„Дедо! Тој не верува дека ти си бил на Наиад за време на битката!“

Старецот одговори како да не му е по волја да расправа на таа тема.

„Мислам дека тоа е само една измислица на девојчето”.

Но, сепак неговата суета беше повредена или, пак, го иритираше момчето или, пак, ја виде својата внука како стои таму облеана во солзи, толку очебијно возне- мирена и во следниот миг неговата голема тупаница го погоди момчето под носот, а потоа извика:

„Ако баш сакаш знаеш, ти мал никаквецу, можам само да ти кажам дека бев таму на палубата на Наиад со подобри од тебе, луѓе кои ти не можеш да ги сретнеш во животот“, и удри со ногата како да удира по палубата“. …Тогаш трите јарболи и катарката беа уништени, па- лубата почна да се руши…”, тоа беше последната рече- ница од книгата “Подвизите на данските и норвешките поморски херои“, а старецот беше горд на овие зборови исто како на одликување.

„Кога сѐ се сруши“, продолжи тој со истиот став и со глас како да чита некој свет текст, “…тој што стои тука и ви ја раскажува оваа приказна, сега дојде време тој да се спаси и да се фрли во морето низ отворот за топови”.

Но, тогаш тој го запостави текстот и продолжи да гестикулира, мавтајќи силно со стиснати тупаници, постојано одејќи напред, додека Салве се повлекуваше пред старецот, одејќи кон бродот.

„Ние не се занимаваме со лаги и не измислуваме приказни како тебе, ти вообразен мал дрдорко, и ако не беше твојот татко, ќе те тепав со стап додека сѐ уште можеш да лелекаш”.

Со овие зборови, кои се можеби и најдолгиот говор во изминатите триесет години, старецот се наклони брзо во почит кон таткото и се упати накај куќата.

На Елизбет ѝ беше мачно што Салве мораше да си замине вака, без да се збогува со неа. А нејзиниот дедо веќе беше доволно лут, затоа таа се плашеше дека тој направил нешто глупаво и дека тоа значи крај на посе- тите на светилничарот.

330 ден

Автор: Наташа Крамбергер
Издавач: Икона
Димензии: 180 стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Наташа Крамбергер, 1983., е победник на фестивалот на млада литература „Urška 2006“, и тоа со нејзината прва книга, романот „Небо во капини“. Ова дело, со поднаслов „роман во приказни“ излезе во Љубљана во октомври 2007 година. Добитник е на Европската награда за литература и до сега е објавен на десеттина европски јазици.

Во три часот попладне во Амстердам, Јана, младата студентка од Словенија, Бери, стар италијански рибар и неговата света риба која носи среќа се на пазарот. Јана со себе носи приказна од едно село во кое растела во раните деведесетти години, во периодот кога во тоа село владее голема транзиција. Јана ѝ припаѓа на генерацијата последни пионери, но се запишува на веронаука. Нејзината лична приказна се преплетува со стварноста во Амстердам. Во овој „роман во приказни“ ги сретнуваме соседите Турци, трубадурот Џорди, шефот на месната заедница, стариот намќорест службеник во поштата, старата кинеска баба … и Бери. Бери е роден меѓу двете светски војни, ги загубил родителите под нејасни околности, и заминал по светот. Приказните на Бери се поврзани со неговото патување во Јужна Америка и потрагата по злато, светата риба и светите реки, за перуанските старици со долги коси, за Индија и реката Меконг и за девојката во која се заљубил. Бери моментално живее во куќата-чамец во Амстердам, а неговата ќерка ја праќа внука му од Индија, која треба да почне со училиште и за која Бери треба да се грижи.

И што сега?

Кога Јана, младата студентка од Словенија, Бери, стариот италијански рибар и неговата света риба се сретнале на пазарот во Амстердам во три часот попладне, разговорот може да биде многу непредвидлив. Нивните лични приказни во овој роман се преплетуваат.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber