400 ГЛАВИ ЗА ЉУБОВТА

199 ден

Автор: Св. Максим Исповедник
Издавач: Икона
Димензии: 92стр. 11х18 cm
Тежина: 100 гр.
ОПИС

Од љубовта кон пријателите нè одделува следното: ако завидуваме или ако сме предмет на завист, причинувањето или претрпувањето на штета, нанесувањето или претрпувањето на нечесност, и помислите возникнати од недоверба. Затоа, немој да го правиш ова самиот, и не давај им повод на другите да го прават истото, за да не бидеш отфрлен од љубовта на својот пријател.

Нашиот ум се наоѓа меѓу двајца, т.е. меѓу ангелот и ѓаволот, од кои секој му го советува она што му е својствено: едниот добродетел, а другиот порок. Но, умот има власт да го избере и сила да го следи или да го отфрли она што сака.

Има три причини за љубовта кон богатството: љубовта кон насладувањата, суетноста и неверието. Најтешко од сите е неверието.

Награда за воздржанието е бестрастието, а за верата – познанието. Бестрастието раѓа способност за расудување, а познанието љубов кон Бога.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber