Пролетта, летото и есента кои се опишуваат во овој роман, прават хероината да го согледа својот живот, појасно од кога и да е, а особено да го согледа своето секојдневие. Во тоа секојдневие, таа го забележува сталното повторување на истите работи, во љубовта, како и на работа, во семејството и со пријателите, како и во обидите да се побегне од здодевноста и рамнодушноста.
Грижливо сликајќи го внатрешниот свет на главниот лик, писателката Јелена Ленголд во „Балтимор“ раскажува за просторот помеѓу животот и смртта, интимата и празнината, молкот и неразбирањето, реалноста и интернетот, секојдневието и веб камерата, помеѓу пишувањето и одењето на психијатар.