Сарантиум е златен град: светост за верниците, вдахновение за поетите, скапоцен камен на светот и срце на царството.
Занаетчијата Гај Крисп прима таинствен повик од царот и тргнува на пат кон тој блескав град. Но, пред да стигне во Сарантиум, со неговите таверни и позлатени светилишта, трки со двоколки и палати, Крисп најпрвин мора да помине низ сурови предели преполни со пагански обреди и смртоносни опасности.
Во овој, завршен дел од Сарантинскиот мозаик, Гај Гавриел Кеј извонредно вешто ја спојува епската авантура со длабоките размислувања за поврзаноста помеѓу уметноста и моќта и вечната борба на човекот да остави трага зад себе.