КАКО ДА ВОСПИТАТЕ ПРЕКРАСНИ ДЕВОЈЧИЊА
549 ден
КЛИКНИ-ЧИТАЈ (првите страници од книгата)
ИСПРАТЕТЕ ВО СВЕТОТ СИГУРНА И САКАНА МЛАДА ЖЕНА…
Сакајќи да бидеме исти во воспитувањето на момчињата и девојчињата, можеби сме заборавиле да го испочитуваме она што е единствено за девојчињата, нивната посебна и поинаква природа.
Оваа книга е преполна со совети кои ќе ви помогнат да го подобрите и разубавите животот со ќерката, да пронајдете начини да ја одржите комуникацијата и начини своите вредности да ги пренесете на следната генерација.
Очекувајте го најдоброто од својата ќерка и дајте ѝ силна поддршка. Запознајте ги нејзините природни таленти и способности и имајте визија како сакате да изгледа кога ќе порасне – да поседува став, интегритет, топлина и да биде сигурна во себе.
ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА ДЕВОЈЧИЊАТА
•Да ги воспитува некој кој многу ги сака
• Да бидат дел од семејство полно со љубов
• Родители со силна визија за тоа каква млада жена сакаат да пратат во светот
• Многу топлина и забава, исто како и рутина и предвидливост