Костољани е меѓу оние кои денес најдобро го изразуваат духовниот и културниот живот на Европа – Томас Ман
Нежна комедија обоена со апсурдноста на животот, со возбудата на дружељубивоста и неизбежноста на смртта
„Кому можам да му се восхитувам на овој гнасен свет, ако не тебе, брате мој и антиподу мој. Ист во сe и во сe поинаков. Јас собирав, ти расфрлаше; јас се оженив, ти остана ерген; јас му се восхитувам на својот народ и јазик, само дома дишам и живеам, а ти си светски скитник, над нациите леташ, слободен и на вечна револуција повикуваш. Потребен си ми. Без тебе сум празен, здодевно ми е. Помагај, инаку ќе умрам.“
„Да основаме заедничка фирма. Што вреди поетот без човекот? И што вреди човекот без поетот?
Да бидеме коавтори. Еден човек е премногу слаб истовремено да пишува и да живее. Кој пробал, страдал, порано или подоцна.“
„Веќе стигнав на приземјето. Тогаш нешто ми падна на ум. – Корнел! – викнав. – А кој ќе ја потпише книгата?
– Сеедно! – викаше тој одозгора. – Потпиши ја ти. Стави го своето име на неа. А моето нека биде насловот
ПРВО ПОГЛАВЈЕ
во кое писателот го прикажува и открива Корнел Ешти, единствениот јунак на оваа книга
Веќе бев поминал преку половината од животот, кога еден ветровит и пролетен ден, на ум ми падна Корнел Ешти. Решив да го побарам и да го обновам старото пријателство.
Веќе десет години не се дружевме. Што се случи меѓу нас? Само Бог знае. Не се лутевме еден на друг. Барем не онака како останатите луѓе.
Но, откако ја навршив триесеттата, почна да ми станува товар. Ме навредуваше неговата невнимател- ност. Преку глава ми беа неговите старомодни, висо- ки и отворени јаки, тенки и жолти вратоврски, мрсни и недозреани зборовни игри. Ме заморуваше негова- та пренагласена оригиналност. Постојано предизви- куваше поголеми или помали скандали.
На пример, додека се шетавме по корзо, без ни- какво објаснување од внатрешниот џеб на капутот ќе извлечеше кујнски нож и на изненадување на мину- вачите ќе почнеше да го остри од жолтите тули кои го оградуваа тротоарот. Или, пак, сосема пристојно ќе повикаше некој слеп човек за да му ја извади ронка- та од окото која во моментот му влегла. Или, еднаш, кога поканив на вечера една цела отмена елита, луѓе од кои ми зависеше судбината и кариерата, главни уредници, политичари, – достоинствени, милосливи господа! – и тој беше поканет, кришум со помош на послугата ја загреа бањата, гостите ги повикуваше на страна, соопштувајќи им дека во мојата куќа владее, стара, таинствена – за жал не може да навлегува во подробности – семејна традиција или суеверие, која бара од нив, без исклучок, да се избањаат пред вече- рата; и таа постапка ја бранеше со ѓаволска тактич- ност, препреденост и убедливост, така што лековер- ните жртви, кои за прв и последен пат ме почестија со своето присуство, сите до една, без мое знаење, се избањаа, заедно со своите сопруги, а потоа, по бе- срамната шега, преправајќи се како ништо да не се случило, седнаа на масата.
Ваквите детски шеги некогаш ме забавуваа. Сега, на почетокот на машката доба, веќе ме подлутуваа. Мислев дека ја доведуваат во опасност и мојата се- риозност. Не му реков ниту збор. Сепак, – признавам – не еднаш поруменував поради него.
Сигурно и тој го чувствуваше истото. Внатре, дла- боко во душата, сигурно ме презираше затоа што не ги ценев неговите досетки онолку колку што тие за- служуваа. Можеби и ме потценуваше. Ме сметаше за малограѓанин, бидејќи купив роковник, секојдневно работев и се прилагодував на општествените окол- ности. Во една прилика, директно в очи, гневно ми кажа дека сум ја заборавил својата младост. Па, има- ше и во тоа малку вистина. Ама, таков е животот. Кај сите е така.
Се отуѓувавме, полека и незабележливо. Сепак, го разбирав. И тој мене. Ама тајно веќе се критикував- ме еден со друг. Објаснувањата дека се разбираме, а сепак не се разбираме, нѐ нервираа и обајцата. Секој тргна по својот пат. Тој лево. Јас десно.
Така живеевме долги десет години, а за себе не да- вавме никакви знаци за живот. Секако, јас мислев на него. Едвај ќе поминеше ден, а да не помислев што би направил, што би рекол тој во ваква или пак онаква ситуација. Претпоставував дека и тој мисли на мене.
Впрочем, нашето минато беше толку многу испре- плетено, вдолж и попреку, со жива и пулсирачка мре- жа од спомени небаре крвни садови, што не можеше тукутака да се исуши, да изумре.
Кој беше тој и што ми беше мене, тешко може да целосно да се раскаже. Не би се ни нафатил на тоа. Паметењето толку не допира во минатото, колку на- шето дамнешно пријателство. Неговиот почеток се губи веќе во прачовечката темнина на моето најрано детство. Откога знам за себе, ми беше во близина. Се- когаш пред мене или зад мене, секогаш покрај мене или против мене. Му се восхитував и се гадев од него. Кон него никогаш не сум бил рамнодушен.
Една зимска вечер, по вечерата, градев кула од ша- рени коцки на тепихот. Мајка ми рече да одам на спи- ење. Ја испрати дадилката, бидејќи тоа време сѐ уште носев здолниште. Појдов со неа. Тогаш зад мене се слушна еден глас, неговиот незаборавен глас:
– Не оди, за инает!
Се свртев, среќно и исплашено, и го видов него. Го видов за првпат. Охрабрувајќи ме ми се кикотеше. Се фатив за него, за да ми помогне, но дадилката ме оттргна, залудно тропкав со нозете, ме легна на кре- ветот.
Од тогаш се среќававме секој ден.
Наутро ќе застанеше пред мијалникот.
– Не се миј, биди валкан, да живее нечистотијата! Кога при ручекот, по молбите и преколнувањата
на моите родители, а наспроти моите убедувања, ќе почнев да ја јадам „хранливата и здрава“ леќа ќе ми шепнеше:
– Плукни, поврати во чинијата, почекај го печено- то месо и колачите.
Не беше со мене само дома, на масата или во кре- ветот. Ме придружуваше и на улица.
Чичко Лојзи ни доаѓаше во пресрет, стар другар 15
на мојот татко; дотогаш и јас многу го сакав и почи- тував, судија во окружниот суд, имаше стотина кило- грами.