ЛАЖЛИВИОТ ЖИВОТ НА ВОЗРАСНИТЕ
450 ден
ЛАЖЛИВИОТ ЖИВОТ НА ВОЗРАСНИТЕ
Елена Феранте
ISBN: 9786082309040
Број на страници: 298
Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.
Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.
„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“