Кога еден туѓинец ќе заглави со својата кола во ендек во Јужен Велс една маглива вечер, помош и излез бара во првата куќа на која наидува најблизу до патот. Таму наоѓа жена со пиштол в рака, која немо стои над мртвото тело на нејзиниот хендикепиран сопруг. Признава убиство и неочекуваниот посетител се нуди да ѝ помогне да подготви лажна приказна.
Но можно ли е Лора Ворик да не го сторила злосторот? И ако е така, кого штити?…
„Како мартини – крцкаво, суво, софисти цирано – на големо задоволство на сите вљубеници во трилерските заплети на Кристи“
Booklist