✒️Најпродаваната книга според Меѓународното здружение за крими романи:
📖СУЛТАНОТ ОД ВИЗАНТИЈА од Селџук Алтун, еден од најпреведуваните автори на крими романи на денешницата.
📜При одбраната на Цариград од отоманските освојувачи во 1453 година, загинал царот Константин XI, а неговото тело никогаш не е пронајдено. Легендата вели дека пребегнал со брод на трговци од Џенова, на тој начин избегнувајќи сигурна смрт, и станал Бесмртен цар.
⏳Пет века подоцна, тројца мистериозни мажи се поврзуваат со младиот професор од Истанбул, како членови на тајно друштво, коешто наследството на Бесмртниот цар им го пренесува на идните генерации и му обзнануваат дека тој ја продолжува владејачката лоза.
📜За да ја преземе контролата над огромното богатство, ќе мора да ги исполни последните желби на своите предци: да помине низ тешки и пред сè мистериозни обреди за иницијација, коишто ќе ја стават на сериозна проба силата не неговата волја.
⏳Во стил на Умберто Еко, Алтун ни ги открива најскриените мистерии на древниот Константинопол и современиот Истанбул, испреплетувајќи ги историјата и фикцијата во неразмрсиво раскажувачко клопче коешто го остава читателот без здив сè до возбудливиот расплет.
📖ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЉУБОВТА од Сулејман Адонија е приказна што никогаш нема да ја заборавите… Неверојатниот роман на Сулејман Адонија е сензуална и интензивно изработена приказна за млад имигрант и девојка зад превезот кои му пркосат на законот и ги ризикуваат своите животи во име на љубовта. Се случува во Саудиска Арабија во црно-белиот свет под превезот на муслиманската религија каде контактот меѓу мажот и жената е забранет.
👠Еден ден пред неговите нозе паѓа стуткан лист хартија, а под црната абаја ѕиркаат розови чевли. Тие го водат во друг шарен свет на љубовта, но и пред ѕидот на срамот и отаде океанот, далеку од улицата Ал-Нузла… Нечии приказни стануваат наши… кога ќе нѐ натераат да влеземе во нивните чевли… Розови но не како животот, ами како копнежите. Тогаш ништо нема да гледаме со исти очи.
👠задолжително 👠
Соврмените Ромео и Јулија во муслиманскиот свет. Љубов без разлика на последиците…
– Вистинита
– Безвременска
– Скриена зад превезот на абајата
– Осудена на плоштадот на срамот
-Љубов што се крие од верската полиција
Џоан Харис
„Прекрасна љубовна приказна… токму кога помислив дека прочитав сѐ што може да се прочита за муслиманските земји. Такво пријатно изненадување!“