Триесет и седумгодишен, неодамна разделен со девојката, невработен и малку депресивен, Херман си има свои проблеми. А сега и мајка му, којашто е бучна и со остар јазик, многу често пијана и сè досега неподготвена за промена – има канцер. Прогнозата на докторот е прилично лоша, но по кратко истражување на интернет, Херман решава да ја придружува мајка си во неконвенционален центар за лекување во Холандија.
Мајката и синот тргнуваат на пат за Амстердам, влегувајќи во авантура полна со ракија и кригли пиво, злобно забавна, трагична и длабока. Иако конечната дестинација на мајка му е сосема извесна, патувањето им овозможува шанса да го преоценат животот – почетокот, средината и крајот.
Иако патувањето е живо и забавно, исто така создава тежок притисок врз врската меѓу мајката и синот, обременета и од тежината на нивната заедничка жед за алкохол.
Брилијантно напишана книга, смешна, меланхолична и прекрасна
– Fréttablaðið
Чисто задоволство. Солви несомнено покажа дека е еден од нашите најнадежни автори
– Viðskiptablaðið
Интересна Европска перспектива за тоа колку контрола треба или не, да се има врз својата сопствена смрт.
– New York Times