…И ја бакна повторно. Некоја моќ што ниеден од нив не ја разбираше, ги привлекуваше еден кон друг како молец на светлина. Се бакнаа неколкупати и за нив се чинеше како салата за танцување, музичарите и танчерите да исчезнаа, оставајќи ги да се чувствуваат како да се единствените луѓе на светот. Кога се разделија нивните усни, Ромео ја погледна Јулија и си помисли: „Разбирам дека секогаш кога сум помислил оти сум заљубен, сум бил само дете што играло игра. Ах, се прашувам, дали таа исто се чувствува како мене?…
Забранета љубов, драматична смрт, прекрасна поезија