📖Диви и бесмртни, расказите на Буковски станаа култни за младата и за интелектуалната публика.
Пишувајќи валкан реализам, Буковски стана лауреат на андерграунд литературата.
📌Исполнети со лудило и луцидност сцените од овие раскази уште долго продолжуваат да стојат во нашата глава. Поврзани се со теми како што се очајанието и осаменоста, бесмислените работи кои сме принудени да ги правиме, сексуалните перверзии и потребата за вистинската поврзаност и блискост на луѓето во длабоко нарушениот свет.
📌Кес е девојката која се соочува со љубомората од родените сестри, оставена од својата мајка и со празнина од починатиот татко љубител на чашката. Најубавата жена во градот е личност полна со љубезност и грижа… девојка која има да понуди многу повеќе од убавина… прекрасно будалче со душа…
📖Најубавата жена која Чарлс Буковски некогаш ја сретнал и многу други посебни приказни за обичното лудило… борбата за работа, за неуспесите, алкохолот, проститутките од секојдневието и лесните љубови.
✒️Чарлс Буковски е еден од најпознатите и најпродуктивни американски писатели. Славата ја стекнал најпрвин во Европа, а потоа во САД. Има издадено над 45 книги со поезија и проза. За него се кажани многу дефиниции, а секј што прочитал барем една негова книга ќе се согласи со оваа: „Професионален нарушувач на спокојството…“
Многу од изреките што се наше секојдневие не ни знаеме дека се всушност изречени од Буковски:
🔷Мора да умреш неколку пати пред да можеш навистина да живееш.
🔶Интелектуалецот кажува едноставна работа на тежок начин. Уметникот кажува тешка работа на едноставен начин.
🔷Најдете го она што го сакате и оставете го да ве убие.