Неле има дванаесет години и за првпат е вљубена. И тоа во Оливер, момче од нејзиното одделение, но се чини како тој воопшто да не го забележува тоа. Меѓутоа, Неле е сосема сигурна дека и Оливер ја сака, зашто таквите работи едноставно се чувствуваат, а освен тоа и самите нејзини чувства неа не можат да ја излажат.
Но, Неле има уште еден проблем кој не започнува со буквата „О“, туку со „Ј“ како Јакоб. Откако се роди Јакоб, дома ништо веќе не е како порано. Гуси се чувствува запоставено, а мама и тато си ги заменија улогите. За Неле тоа е навистина срамно. Секако дека и во други семејства постојат мајки кои се вработени, но зарем постојат татковци кои се грижат за домот?
Глава 1
Можно е сега да сме го пребродиле најтешкото. Но ќе видиме како работите ќе се одвиваат во следниот период. Всушност, сите сме големи оптимисти.
Морам да почнам речиси на самиот почеток од нашата приказна. Пред околу единаесет и пол години, кога кај нас работите си течеа исто онака како и кај повеќето други луѓе. Тогаш јас имав единаесет, а Гуси имаше три години и мама тогаш подолго време зборуваше дека кога Гуси ќе има четири години, наутро ќе оди в градинка и дека таа, фала му на Бога, тогаш ќе има повторно малку повеќе време за себе.
„Одлично”, рече тате. „Тоа сигурно за сите нас ќе биде добро”.
„Што значи тоа?”, праша мама, а нејзиниот глас звучеше нервозно. „Да не се надеваш дека тогаш ќе имам повеќе време за чистење и готвење? Мислиш оти тогаш одеднаш ќе добиеш подобра домаќинка во куќата?”
„Глупости”, рече тате и ја гушна мама. „Ми се допаѓаш таква каква што си, драга моја!”
„Па тоа е прекрасно”, рече мама и се оттргна од прегратките на тате. Потоа со гласно тропотење почна да ја раскрева масата со појадокот.
Можеби разговорот ќе продолжеше и понатаму, но тогаш повторно нешто се случи со Гуси, тој беше заковал шајка во ормарот во ходникот или си ги потфа- тил прстите во камиончето или сторил нешто друго што вообичаено го прават тригодишните момчиња. Во секој случај тогаш разговорот заврши. Во следни- те денови требаше да забележам нешто невообичаено кај мама. Кога човек ќе посакаше да зборува со неа таа понекогаш не слушаше добро, а потоа одеднаш и моите чевли не беа исчистени. Секако, постојат чевли кај кои тоа е сосема сеедно, но јас штотуку добив нови чизми, а тие мораа да бидат малку посјајни и тоа £ го кажав и на мама. „Е, така ли”, рече мама. „Добро е што самата имаш две раце, драга Неле. Приборот за чистење чевли е во претсобјето”.
Неколку дена подоцна таа почна да ме подучува како се лупат компири. А кутриот Гуси одеднаш требаше да научи да врзува панделка.
Бездруго сите ќе станевме сомничави, ако оваа состојба продолжеше подолго време, но тогаш, сама од себе, на мама £ се одврза јазикот.
„Јас повторно сакам да одам на работа”, рече таа. Во тој миг ние седевме на вечера и тате штотуку ја беше пофалил маринираната харинга на мама. „Како тебе не готви никој”, рече тој. Тоа тој секогаш го ка- жуваше.
„Сакаш ли нешто?”, праша сега тате и престана да лупи ананас што беше за десерт.
„Да работам”, рече мама. „Повторно сакам да одам на работа”. Можеше да се види дека таа навистина имаше тешкотии тоа да го каже. Околу устата сосема пребледе, а раката со виљушката £ трепереше.
„Да”, рече тате. Тој изгледаше замислено. Потоа кимна со главата.
„Се разбира. Кога Гуси ќе оди в градинка – мислиш да работиш половина работно време, нели?”
„Не половина работно време”, рече мама. „Туку вистински да работам”. Таа голтна. „Па ти си попла не дома”.
Тоа беше точно. Како наставник тате најчесто се враќаше дома во два и пол часот. Освен кога имаше состаноци, се разбира, но тоа не се случуваше толку често.
„Добро знаеш дека седам на работната маса”, рече тате. „Јас не безделничам попладне!” Звучеше налу- тено.
Потоа тој ја стави раката на рамото на мама. „Ми- слам дека е добро повторно да одиш на работа, мила моја. Но, зарем не може на почетокот да работиш само претпладне? Само неколку години додека Гуси не по- расне малку”.
Тате тоа го кажа мошне мило, а тоа беше и сосема разумно. Но, и покрај тоа мама нишаше со главата.
„Денес направивме пештера!”, рече Гуси. „Под скалите во визбата!”
„Убаво”, рече тате и му даде на Гуси парче ананас. „А зошто да не?”
Тоа, секако, беше прашање упатено до мама.
И тогаш мама почна да раскажува, а потоа нам не ни преостана ништо друго освен да се согласиме со неа. Сите освен Гуси, се разбира, зашто тој и онака не разбираше ништо.
Додека не се роди Гуси, мама постојано работеше, во правниот оддел на градежната служба, каде испи- туваат дали некој некаде смее да гради куќа или мост и дали за тоа во законот постојат некакви пречки.
Всушност, мама сакаше да стане судијка во судот за млади лица, каде доаѓаат момчиња, кои провалиле возила или ограбиле продавница за електрични апарати. Тоа сигурно ќе беше поинтересно, отколку човек само да испитува дали некоја куќа смее да биде широ- ка седум метри и дваесет сантиметри. Меѓутоа, тогаш мама го запознала тате и јас наскоро сум се родила, па таа не можеше повеќе успешно да ги полага испитите бидејќи покрај тоа мораше да го храни и повива своето бебе.
Потоа таа го прифати работното место во градежната установа и работата ѝ причинуваше дури и задоволство. С¢ додека не се роди Гуси. Тогаш таа престана да оди на работа зашто сепак со две деца тоа ќе ѝ беше премногу.
Но, доколку сега би чекала уште подолго, рече мама, тогаш за кусо време и не би можела воопшто повторно да почне да работи. Тогаш, всушност, би заборавила с¢, а освен тоа се менуваат и работните методи, па ете, уште сега се плаши од тоа. Тогаш таа како некоја глупава стара жена би седела меѓу многуте умни млади мажи, кои би знаеле с¢ подобро од неа.
Мама не сакаше тоа да се случи.
„Е, да”, рече тате, играјќи си со својот нож. Тој не изгледаше многу среќен. „Но, за децата би било по- добро кога би можела да почекаш уште неколку години…”
„Да почекам?”, рече мама и тресна со својата шолја на масата. „Знаеш ли колку години имам?”
Тоа тате, секако, го знаеше. На крајот на краиштата и тој имаше исто толку години. Всушност, и тој многу сакаше мама повторно да оди на работа, но само беше изненаден исто како и јас. Ние сите толку многу се навикнавме на тоа мама секогаш да биде тука и да ги завршува сите работи.