Тајната на детството
499 ден
Постои дел од детската душа кој би требало да го познаваме, но отсекогаш ни останал непознат. Потребно е да се открие детето, бидејќи тоа, иако е предмет на проучување на психологијата и образованието, и понатаму е непознато. Мора да трагаме по него со голем ентузијазам, како трагачи за скриено злато во непознатите предели, кои поместуваат планини во потрагата за благородниот метал. Тоа возрасниот треба да го прави во потрагата за нештото што е непознато и скриено во детската душа.“
– Марија Монтесори
Детето има спонтана потреба за учење. Разбирањето на оваа едноставна тајна доведе до развој на Монтесори образованието.
Во Тајната на детството Марија Монтесори го опишува детето со топлина и со прецизност на научник и со почит се однесува кон тајните кои ги носи во себе. Исто така прикажува различни техники потребни за користење на детскиот потенцијал за учење.
Ова класично дело е потребно за сите кои се грижат за младите, и родители и учители.