Ненад Величковиќ во оваа книга повторно совршено го одсликал односот кон жените, ќерката и многу тоа што го живееме секојдневно
Совршена слика за односот кон жените, љубовта кон ќерката и уште многу тоа во кое што живееме.
Жените коишто мислат со своја глава, имаат став, работат, не се русокоси, не се кикотат глупаво, патуваат, зборуваат странски јазици и соговорникот го гледаат в очи и не можат да најдат соодветен партнер. Бидејќи сите оние мажи, кои во лудите шеесетти во цветни трапез-панталони им даваа поддршка на гласноговорниците за правата на жените и човековите права воопшто, откако добро се надуваа и се изебаа со истите на кожните фотелји во интелектуалистичките салони, се оженија со русокосите глупачки од соседството и своите деца ги воспитуваа по рецептот на нивните дедовци…
Додадов дека она што ние го викаме љубов, е хемиски процес, со кој Природата обезбедува продолжување на видот.
А твојот брак? – праша.
Тоа е приказна за љубов која навреме не се претвори во пријателство, напишав. И уште дека моногамијата е погрешен начин на живот. И дека бракот е економска заедница.
Ништо не е потажно од еретик-конформист – одговори.
Но тажните луѓе раскажуваат најсмешни вицови.
Фата заборавила дека Мујо е во wc-то и го изгасила светлото. Мујо се дере од внатре, Фатооо, ти ли го изгасна светлото? Да. Фала Богу, јас веќе помислив дека ми испаднаа двете очи.